50 градски институции на Скопје утре започнуваат акција „Од срце за Лео“

Градот Скопје со 50 градски институции утре отпочнува хуманитарна акција за обезбедување на неопходните средства за лекувањето на Леонид Индов.

„Од утре се отпочнува со хуманитарна акција во сите 50 градски јавни претпријатија, градски јавни установи и средни училишта во кои вработените и сите граѓани што ги посетуваат овие институции ќе може да придонесат за лекување на Леонид, кој во моментов се наоѓа на лекување во Австрија“, соопштува Град Скопје.

Дополнително, утре во 12 часот во средното училиште „Георги Димитров“ ќе се одржи голем хуманитарен базар на рачни изработки од средношколци од сите 23 средни училишта под надлежност на Град Скопје.

„Градот Скопје е град на солидарноста, хуманоста и грижата, за доброто на нашите деца и за најранливите категории граѓани на кои сме им најпотребни“, стои во соопштението на градските власти.