45 починати и 105 новозаразени од КОВИД-19 во последното деноноќие

Министерството за здравство информираше дека во последните 24 часа се регистрирани се 105 нови случаи на КОВИД-19 и тоа 55 во Скопје, 15 во Битола, 9 во Тетово, 6 во Струмица, по 3 во куманово и Кавадарци, по два во Велес  и Охрид, додека пак по еден новозаразен случај е регистриран во  Прилеп, Гостивар, Штип, Кочани, Кичево, Неготино, Ресен, Дебар, Пробиштип и Македонска Каменица.

Од МЗ истотака информираат дека пријавени се вкупно 45 починати лица – 14 од Скопје, 5 лица од Прилеп , 4 лица од Куманово, по 3 лица од Битола, Гостивар  и Охрид, по 2 лица од Тетово, Свети Николе и Струга и по едно починато лице од Кочани, Велес, Струмица, Радовиш, Берово, Богданци и Неготино. Три пациенти се починати во домашни услови, а останатите 42 се починати во болнички услови, меѓу нив се пријавени 20 пациенти починати во период од 29.03-10.04.2021.

Регистрирани се 403 оздравени пациенти.

„Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 152.685, бројката на оздравени пациенти е 133.473, на починати е 4.936, а бројот на активни случаи изнесува 14.276“,  истакнуваат од Министерството за здравство.

Досега во земјата се направени вкупно 724.668 тестирања на Ковид-19, а во последните 24 часа се направени  946 тестирања.