„365 Challenge“ – повик за креативни наставници што ги користат алатките на Microsoft

„365 Challenge“ е предизвик организиран од „Microsoft“ во Македонија, кој треба да ги инспирира и мотивира македонските наставниците од основното и средното образование, да се пријават со свои иновативни идеи во форма на проект/презентација, за користење на алатките од пакетот „Office 365“ како „Sway“, „One Note Staff“, „One Note Classbook“, „One Drive“, „Skype in the Classroom“, „MS Team“, „MS Office professional“, „Office mix“ и „Forms“.

Целта на секоја функционалност на алатките на „Microsoft“, посочуваат од компанијата, е да се подобри наставниот систем со примената на иновативни и забавни пристапи за изучување на предметите. Заинтересираните наставници треба да ги претстават своите искуства како проект или презентација до Microsoft.

Десет пријавени ќе влезат во финалниот круг врз основа на оценките од тричленаа комисија која ќе ги утврди врз основа на три сегменти како зголемување на продуктивноста на наставниците со користење на алатките, иновативниот пристап во користењето на истите и нивниот начин на примена. Финалистите ќе ги претстават своите искуства во форма на презентација или проект на ревијален настан на кој ќе им бидат доделени свечени награди.

Microsoft ги повикува заинтересираните да ги поднесат своите презентации на следниов ЛИНК

Краен рок е 26 декември, до 13 часот.