3 години Медуза: „Безусловни почетници“ – промоција на нова публикација

По повод третиот роденден на феминистичката платформа „Медуза“, денес, на 23 декември, ќе се одржи промоција на третата публикација „Безусловни почетници“, која претставува зборник на текстови од „Медуза“, кои ја одбележале 2021 година.

Во Бистро „Комедија“, со почеток во 20 и 30 часот, главната уредничка Калиа Димитрова, соуредничката Душица Лазова и видео уредничката Ена Бендевска, ќе направат кратка ретроспектива на изминатата година и ќе ја презентираат новата книга на Медуза.

По промоцијата ќе следува диџеј сет на Еми Ермилова.

„Секој почеток е полесен кога сме заедно. „Љубовта е модел, начин на однесување кој припаѓа на традицијата на мислење на заедницата, и тоа е постаро од моделот на индивидуалност“, ќе прочитате во разговорот со Јелисавета Благојевиќ. Токму феминизмот како форма на радикална љубов е нишката која нè носи под овој заеднички покрив. Ние не се плашиме да учиме, пишуваме, живееме и грешиме феминистички. Секој глас, секој текст и секој внимателно избран збор во оваа книга е нов, безусловен почеток“, пишуваат од „Медуза“.