26 починати и 711 новозаразени со Ковид-19

Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во изминатото деноноќие од Ковид-19 починале 22 лица. Починале 10 лица од Скопје (49г, 52г, 59г, 62г, 67г, 68г, 70г, 71г, 85г и 87г), по 2 лица од Гевгелија (67г и 75г), Охрид (79г и 86г) и Струга (73г, и 74г) и по едно лице од Битола (84г), Делчево (75г), Кичево (86г), Кратово (29г), Неготино (56г) и Струмица (82г).

„Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 4 починати лица, Кичево (2), Валандово (1) и Тетово (1). Починатите се на возраст од 56г до 81г. Пријавените лица се починати во домашни услови, во период од 26.01.2022 -27.01.2022г“, се вели во соопштението на МЗ.

Од вкупниот број починати лица – 26, 14 лица се целосно вакцинирани, а кај сите се регистрирани коморбидитети, додаваат од МЗ.

Во последните 24 часа пак, потврдени се 711 нови случаи на Ковид-19. Регистрирани се 505 случаи во Скопје, Кавадарци – 30, Струмица – 26, Куманово – 25, Охрид – 21, Битола и Штип – по 17, Прилеп – 12, Струга и Гевгелија – по 9, Тетово – 7, Велес – 5, Гостивар, Неготино и Богданци – по 4, Делчево – 3, Кочани, Пробиштип и Демир Капија – по 2 и по 1 во Кичево, Свети Николе, Ресен, Крива Паланка, Берово, Македонски Брод и Дојран. Од вкупниот број позитивни – 711, регистрирани се 84 реинфекции.

Регистрирани сe 7.170 оздравени пациенти, односно од Скопје – 3.633, Битола – 602, Куманово – 309, Кавадарци – 284, Прилеп – 230, Тетово – 191, Охрид – 177, Штип – 175, Велес – 174, Гевгелија – 159, Струмица – 147, Гостивар – 134, Кичево – 120, Кочани – 98, Ресен – 94, Радовиш – 88, Неготино – 87, Струга – 86, Делчево – 65, Валандово – 56, Свети Николе – 51, Богданци – 31, Демир Хисар – 29, Крива Паланка – 28, Крушево – 25, Македонска Каменица – 18, Пробиштип – 17, Берово – 16, Дебар – 10, Виница – 8, Демир Капија, Македонски Брод и Кратово – по 7, Дојран – 4 и 3 од Пехчево.

„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 268.901, бројот на оздравени пациенти е 246.864, на починати е 8.409, а бројот на активни случаи изнесува 13.628“, стои во соопштението на МЗ.

Досега во земјава направени се вкупно 1.788.251 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 3.197 тестови.