22 починати и 1.250 новозаразени со Ковид-19

Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во изминатото деноноќие од Ковид-19 починале 22 лица.

Починале 4 лица од Скопје на 51, 66, 69 и 72 години и од Тетово на 38, 71, 72 и 77 години, 3 лица од Гостивар на 57, 72 и 80 години, по 2 лица од Охрид на 69 и 85 години, од Струга на 66 и 73 години, од Кичево на 47 и 83 години и од Дебар на 67 и 84 години и по едно лице од Куманово на 64 години, од Велес на 47 години и од Валандово на 76 години. Од пријавените починати, 21 лице е починато во болнички услови, а едно лице е починато во домашни услови.

Во последните 24 часа регистрирани се 1.250 нови случаи на Ковид-19. Регистриран е 421 случај во Скопје, 192 во Гостивар, Тетово – 133, Куманово – 80, Струмица – 67, Кичево – 62, Струга – 53, Охрид – 38, Прилеп – 25, Битола – 23, Дебар – 19, Кавадарци – 15, Велес – 13, Штип – 12, Свети Николе – 11 и по 10 случаи на Ковид-19 се регистрирани во Радовиш и Валандово.

Потоа, регистрирани се по 9 случаи на Ковид-19 во Кочани и Берово, Гевгелија и Ресен – по 8, Кратово – 6, Крива Паланка, Крушево и Македонска Каменица – по 4, Делчево, Виница и Македонски Брод – по 3, Неготино и Демир Хисар – по 2 и 1 случај во Богданци.

Регистрирани сe 265 оздравени пациенти, односно, од Скопје – 84, Гостивар – 44, Тетово – 43, Куманово – 18, Струмица – 15, Дебар – 12, Кичево – 11, Берово – 9, Кавадарци – 5, Прилеп, Битола и Велес – по 4, Штип – 3, Делчево, Валандово и Македонски Брод – по 2 и по 1 од Неготино, Крива Паланка и Радовиш.

„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 167.991, бројката на оздравени пациенти е 151.957, на починати е 5.654, а бројот на активни случаи изнесува 10.380“, стои во соопштението на МЗ.

Досега во земјава се направени вкупно 1.101.838 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 8.192 тестови.