Министерството за образование и наука (МОН) за следната учебна година 2025/2026 ќе додели 1570 стипендии за учениците кои ќе се запишат во дуални паралелки во средните стручни училишта, а над 550 компании директно ќе бидат вклучени во практична обука на учениците.
„Воедно, ова значи дека учениците со завршување на средно стручно училиште, ќе имаат поголема веројатност за брзо вработување, во најголем дел во компаниите каде посетувале пракса, или пак да продолжат со своето образование на некои од универзитетите во државата“, истакнуваат од Влада на Македонија.
Нивен приоритет, велат, е да ја зголемат вработливоста на младите лица и да создадат кадри со вештини и компетенции што се потребни на компаниите, а со тоа и да овозможат младите да ја градат својата иднина во сопствената земја.