МОН ги објави резултатите за стипендии за средношколци од дуални паралелки

Министерството за образование и наука (МОН) ги објави резултатите од конкурсот за стипендии за средношколци во дуални паралелки.

„Секој добитник на стипендија го симнува и пополнува во ТРИ примероци соодветниот договор за стипендија и заедно со копија од лична трансакциска сметка го доставува до МОН, директно преку писарницата во  министерството (документите може да ги достави и друго лице во име на добитникот на стипендијата) или по пошта – препорачана пратка со повратница (ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр. 54, 1000 Скопје), најдоцна до 10.1.2024 година“, се вели во соопштението на Министерството.

Одбиените кандидати (учениците кои не се наоѓаат на објавените списоци) ќе имаат можност за поднесување жалба од денот на добивање на решението од МОН во кое ќе биде наведена причината поради која апликацијата не е прифатена.

За било какви дополнителни информации и поддршка, контактите на вработените во Секторот за ученички и студентски стандард, како и на сите останати вработени во МОН се објавени на овој линкпрашања може да се поставуваат и на електронската адреса ucenicki.stipendii@mon.gov.mk

Списокот на добитници е достапен овде, а договорот за симнување и пополнување е достапен овде.