150 скијачи се спасени откако беа заробени во кабини на француските Алпи

Француските власти соопштија дека 150 скијачи се спасени откако заглавија во кабините на жичарата на Алпите.

Спасувачката акција траела речиси два часа, информира Франк Лекутр, директорот на локалната канцеларија за туризам.

„Сите ќе бидат на време за Божиќната вечер“, рече тој, иако не соопшти дали некој е повреден.

Кабините на гондолата се движат на висина од 25 метри над земјата.

Властите известија дека два хеликоптери пренесоа спасувачи до секоја кабина за да ги отворат покривите, да ги ослободат скијачите внатре и да ги спуштат на безбедно.