11 американски држави го забранија пушењето цигари во автомобили во кои се возат деца

Сенатот во САД усвои закон според кој во 11 американски држави се забранува пушењето цигари во автомобили во кои се возат деца помали од 16 години, пренесува Данас.

За прекршување на законот се предвидени парични казни до 25 долари. Меѓутоа, ова би бил секундарен прекршок, затоа што пушењето во автомобил во кој се возат деца не може да биде главна причина за сопирање на возачот.

Сенаторот Мајк Азингер меѓутоа рече дека државата нема право да ја крши слободата на родителите.

„Аргументите за предлог-законот во суштина се емотивни“, изјави Азингер, додавајќи дека законот ги крши основните права на родителите кои донесуваат одлуки за своите деца.

Законодавците се залагаат овој пропис следно да се воведе и во Западна Вирџинија, каде според податоците на Центарот за контрола и превенција од болести, пушат повеќе возрасни отколку на било кое друго место во САД.