1.345 денари поскапела минималната потрошувачка кошница минатата година

За да ги задоволи основните животни потреби едно просечно четиричлено македонско семејство минатиот месец требало да издвои 35.042 денари, покажуваат податоците од Синдикалната минимална кошница за декември 2021 година, која ја изработува Сојузот на синдикати на Македонија.

Во споредба со декември 2020 година минималната кошница е поскапена за 1.345 денари, што е најголемо годишно зголемување во последниве 10 години.

Едно четиричлено семејство во декември трошело во просек нешто над 15 илјади денари за храна и пијалаци и скоро 11 илјади денари за домување. Најмалку се одвојувало за здравство (742 денари) и за култура (1.067 денари).