Стартува дистрибуцијата на ранци и прибор за учениците од поплавените подрачја

Во основното училиште „Св. Кирил и Методиј“ од Стајковци и подрачното училиште во село Страчинци денеска започна дистрибуцијата на ранци и училишен прибор.

Во оваа мерка се вклучени 470 ученици од подрачјата опфатени од поплавите, а се работи за донација од Министерството за образование и наука.

Министерот за образование и наука, Пиштар Љуфтиу рече дека приоритетни цели на Министерството било да се обезбедат потребните материјали неопходни за непречено одбивање на наставата во погодените региони.

„Денеска училиштата се исчистини, а доставивме ранци и прибор за секое дете во овие училишта“, истакна Љутвиу, дополнувајќи дека од Македонската амбасада во Франција добени се 50.000 долари собрани како донација, а ќе бидат наменети за реконструкција на покривите на двете училишта.

Инаку, според податоците на МОН, со мерката ќе бидат опфатени вкупно меѓу 3.500 и 4.000  ученици. Тие следат настава во 14 училишни објекти, од кои поголем број се подрачни основни училишта.