Саботна програма во кампот пред Владата

Низа излагања и говори, уметничка работилница и музичка програма се предвидени за седмиот ден од постојаниот камп-протест пред зградата на Владата, кој го организира коалицијата „Граѓаните за Македонија“.

Еве ја денешната програма:

08:00 – 11:00 Средување на кампот
(чистење, организација, логистика)

11:00 – 14:00 Дневни активности

14:00 – 14:30 Ден на Власи (музика)

14:30 – 15:00 Ден на Власи (обраќања)
– Никола Бабовски (Демократски сојуз на Власите)
– Маринела Маричиќ – Тушева (СДСМ)
– Ратко Стефановски (Демократски сојуз на Власите)
– Димо Димчев (Унија за култура на Власите)

16:00 – 23:30 Боите на слободата
– Отворање на уметничка работилница/колонија организирана од Цивил

18:00 – 19:00 Обраќања “Збогум Никола!”

19:00 – 20:00 #НоваДебата “Зошто кампувам?”
– Борјан Јовановски во дискусија со протест-камперите
[livestream на www.novatv.mk]

20:00 – 22:00 Музичка програма
– Фолклорна група “Кушадаси Ритмиг Адамлар” – Турција
– Ќе биде објавено