Предавање за основите на етиката на „Св. Климент Охридски“

Филозофското друштво на Македонија во соработка со ЕУ Инфо Центарот утре во 19 часот организира предавање на Дејан Донев, вонреден професор на Институтот за филозофија при Филозофскиот факултет, на тема: „За основите на етиката на Св. Климент Охридски“.

Настанот на отворањето ќе биде збогатен со настап на ученици од ООУ „Љубен Лапе“ преку изведба на „Кирилица“ од Влатко Стефановски на хорот на училиштето и солистката Лара Иванова под водство на Жанета Дивјакоска Донева, како и преку рецитации на стихови на учениците Дарија Трајковска, Јована Андреева и Петар Митревски. Ментор е Менче Стојановска.

Настанот се организира во пресрет на државниот празник „Св. Климент Охридски“.