Тензии и „тешки зборови“ околу фестивалот „Браќа Манаки“

На првата денешна прес конференција на која гостуваше дел од екипата на филмот „До балчак“ чија премиера се одржа синоќа, на втората фестивалска вечер, режисерот на филмот Столе Попов чинот на свеченото отворање на фестивалот го нарече „мала селска приредба“, објави Нова ТВ.

Нови препукувања на фестивалот „Браќа Манаки“

На неговата изјава остро реагираше директорката на фестивалот Лабина Митевска, при што дојде до жестока вербална расправија помеѓу неа и режисерот на „До балчак“, Столе Попов.

Како што самиот рече, неговиот револт потекнувал од тоа што после 50 години работа, наместо на отворањето на фестивалот некој да го пречека на „црвениот тепих“, тој бил „нападнат“ од десетина новинари со прашања поврзани со долгот кон дуќанџиите.

Директорката на ИФФК „Браќа Манаки“ Лабина Митевска со писмено соопштение реагираше на изречените квалификации од страна на, како што пишува во соопштението, „дел од филмската екипа на „До балчак“:

„Како фестивал се трудиме достоинствено да ги пречекаме сите гости и тоа секогаш да биде на рамноправно ниво. Тоа особено се однесува на македонските премиери, на кои им посветуваме особено внимание и почит. Однесувањето на дел од филмската екипа на „До балчак“ е недолично и неправедно кон нас. Доколку имало било какво недоразбирање, требало прво да ни се обратат нам за да го решиме на лице место, а не во јавноста намерно да се шират дезинформации и искривена слика за околностите“, пишува Митевска.

Како што е познато, непосредно пред пристигнувањето на ѕвездата на годинешното издание на „Браќа Манаки“ Жулиет Бинош, на црвениот тепих пред Центарот за култура во Битола, пред очите на јавноста, дојде до кавга помеѓу Митевска и Попов. Сепак, на синоќешното премиерно прикажување на „До Балчак“, филм работен по сценарио на Горан Стефановски, присутните во преполната страна со огромен аплауз го поздравија режисерот на филмот Столе Попов.

Целиот текст прочитајте го на Нова ТВ.