Граѓански протест за интерпелација на Никола Тодоров

Граѓански протест за интерпелација на министерот за здравство Никола Тодоров e најавен денеска (21 декември) во 18 часот пред Собрание. На протестот му претходи собраниска расправа во текот на денот за Интерпелацијата за работата на Тодоров, поднесена од СДСМ.

„Мора да има одговорност за системот кој убива, наместо да лечи! Да му кажеме на Министерот „Смрт“ дека дојде времето да ја понесе одговорноста и самиот да си замине од оваа одговорна функција. Воедно, сакаме да ги охрабриме и пратениците од власта да гласаат за оваа интерпелација со што ќе спречат нови жртви во здравството и ќе покажат дека навистина се залагаат за едно модерно и ефикасно здравство. Затоа Ве повикуваме сите вас, граѓани на Република Македонија на Граѓански протест за интерпелација на Никола ТодорOFF !“, се вели во најавата за протестот.