Дебата и забава во Градски парк по повод Денот на младите

По повод 12-ти август, Меѓународниот ден на младите, Агенцијата за млади и спорт организира отворен настан – дебата, во Градскиот парк (Школка), во сабота (12.08.2017), со почеток во 18:00 часот.

Дојди на дебата, музика и дружба.

Дебатата ќе биде посветена на Младинската Гаранција како една од приоритетните мерки на новата реформска Влада на Република Македонија.

На дебатата говорници ќе бидат и директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, пратеникот во Собранието на Република Македонија, Стефан Богоев, како и претседателот на Националниот младински совет на Македонија, Блажен Малески.

По завршување на дебатата ќе бидат доделени благодарници на младите научници и нивните ментори кои освоија бронзени медали на меѓународните олимпијади по физика, математика, хемија и информатика.

Исто така, ќе следи и културно забавна програма, со рок бендови и диџеи.

Настанот е во организација на Агенција за млади и спорт, Националниот младински совет на Македонија и UNDP.