Црвен крст: 3 515 семејства од поплавените региони добија пари

Црвен крст соопшти дека вчера 3 515 семејства зафатени од поплавите добиле финансиска помош, согласно добиените финални списоци од надлежните институции со податоци на лицата погодени од катастрофата. Според проценките, секое семејство доби по речиси 250 евра.

„Преостанато е вршење на трансфер на уште 194 семејства чии податоци дадени во нотарските изјави имаат одредени недостатоци па по добивањето на коригирани податоци веднаш ќе бидат префрлени и овие средства до крајните корисници“, се вели во соопштението на Црвен крст.

Вчера Собранието едногласно го усвои ребалансот на буџетот за оваа година, со кој се обезбедуваат 35 милиони евра за обештетување на граѓаните кои настрадаа во поплавите во скопско.