Бремените жени и хронично болните лица да бидат ослободени од работните обврски

Министерство за здравство и Центарот за управување со кризи препорачуваат денеска и утре бремените жени и хронично болните лица над 60-годишна возраст да не доаѓаат на работа, односно да се ослободат од работни обврски со цел заштита на нивното здравје.

Препораката е со цел да се заштити здравјето на овие категории лица и работници. Препораките за ослободување од работни обврски на бремените жени и на хронично болните лица над 60-годишна возраст важат за целата територија на РМ.

Исто така, препорачуваат работниците што работат на отворено да внимаваат и работните обврски да ги практикуваат од 10:00 до 16:00 часот, со повремени паузи на секои два часа по половина час во топла просторија и со топли напивки сè со цел заштита на нивното здравје.

Од институциите нагласуваат дека граѓаните треба да внимаваат на лизгавоста на улиците бидејќи постои опасност од паѓање и скршеници.