ЗНМ: Ако институциите се на ниво на задачата, ќе пратат порака дека насилството против новинари е недозволиво

СВР Скопје поднесе кривична пријава за насилство врз новинарите на врз новинарите на „А1он“ на протестот на 27 февруари, а претседателот на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Насер Селмани рече дека во Македонија се воспосавува нова практика, МВР брзо да ги идентификува напаѓачите на новинарите.

„Се надевам дека обвинителството брзо ќе го процесуира случајот и дека судот ќе го казни напаѓачот на новинарите. Ова е многу битно затоа што ако институциите се на ниво на нивната задача ќе пратат порака до јавноста дека насилството против новинари е недозволиво и дека секој што ќе се дрзне да ги нападне ќе биде санкциониран“, рече Селмани.

Селмани на денешната средба од министерот за внатрешни работи Агим Нухиу побарал МВР да преземе се што е во ногова моќ да ги расветли и старите случаи на напади против новинари.

„Мора да разбереме дека нападот врз новинари не е напад само врз граѓанин, туку е напад и против слободата на говорот и правото на граѓаните да бидат информирани“, исткна Селмани.

Фото: ЗНМ