Кривична пријава против еден од напаѓачите на новинарите од А1он

СВР Скопје поднесе кривична пријава за насилство против 37 годишниот М.К. од Скопје, поради сомнение дека заедно со уште едно, засега непознато лице, го извршиле нападот врз новинарите на А1он за време на протестот пред македонското Собрание на 27 фервруари.

„При преземање на мерки и активности од страна на Единицата за насилен криминал обезбедена е информација дека можен извршител на кривичното дело, односно едно од лицата кои го извршило кривичното дело е лицето М.К. По извршениот преглед на видео материјалот од безбедносните камери на ГТЦ-Скопје и извршената споредба со предходно објавена слика на интернет порталот „www.sdk.mk“, со фотографија од евиденциите на МВР на РМ, потврдено е дека се работи М.К. од Скопје, познат сторител на имотни деликти и нарушител на јавниот ред и мир“, стои во соопштението од Министерството за внатрешни работи.