„Жена творец“ – пијано рецитал посветен на женското творештво во Филхармонија

Експерименталниот пијано рецитал посветен на женското музичко творештво ќе се одржи утре, 22 октомври во Филхармонија.

Со почеток во 20 часот, концертот претставува продолжување на раните обиди за реобмислување на форматите на концерти на класичната музика, започнати пред неколку години.

„Како концерт кој во фокус ја става женската творечка мисла, на овој концерт наместо влезница треба да донесете една книга како донација за иницијативата ‘Сподели Авторка’, кои веќе некое време ги збогатуваат библиотеките во Македонија со женско творештво“, известуваат организаторките.

На концертот ќе гостуваат Ема Ананиевска и Енис Аљи, а ќе можат да се слушнат дела од Надја Буланже, Мередит Монк, Маријана Јаневска, Маријакостанца Дагостино и Ива Дамјановски.

Визуелниот идентитет е на Ања Дамјановски и Даниел Барбаров.