Започнува Школата за човекови права за млади

Хелсиншкиот комhelsinki-logo-1-1024x486итет за човекови права денеска ја започнува еднонеделната школа за млади и кривични дела од омраза сторени поради етничка или религиозна припадност. Школата има мулти-етнички, мулти-национален и мулти-културен карактер, а се прави во соработка со Институтот за мир и човекои права од регионот Долна Нормандија, Франција.

Избраните учесници од Македонија и Франција, заедно во Скопје, во периодот од 19-25 август ќе се обидат да изнајдат позитивни решенија за делата сторени од омраза помеѓу младите во двете држави.  На школата ќе бидат опфатени две генерални теми: Дела од омраза помеѓу младите по основ на етничка и религиозна припадност и Младински активизам како алатка за превенција на дела од омраза помеѓу младите.

Школата ќе ја отворат проф. д-р Гордан Калајџиев, Претседател на Хелсиншки комитет, Н.Е. Лоренс Оер, Амбасадорка на Република Франција во Р. Македонија и Ивана Димитровска, претставничка на Децентрализираната соработка меѓу Регионот Долна Нормандија и Република Македонија.

Напорите на двете организации се во насока за младите од Македонија и Франција да добијат повеќе знаење за кривични дела сторени од омраза преку интерактивна програма подготвена специфично за потребите на школата. Исто така двете организации очекуваат дека младите преку взаемна соработка и дружење можат да креираат активности преку кои ќе се спротивстават на ваквите појави во општествата.