Повик за учество на Школа за човекови права за млади

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија и Институтот за човекови права и мир од Каен, регион Долна Нормандија, организираат Школа за човекови права за млади од двете држави. На школата која од 19-25 август ќе се одржи во Скопје ќе бидат опфатени две генерални теми: Дела од омраза помеѓу младите по основ на етничка и религиозна припадност;Младински активизам како алатка за превенција на дела од омраза помеѓу младите.

Хелсиншки комитет

На неа може да учествуваат млади од Франција и Македонија на возраст од 18 до 24 години. Сите заинтересирани кандидати за да земат учество треба да ја пополнат прикачената апликација, да приложат кратка биографија и краток есеј за дела од омраза помеѓу младите во нивната локална средина.Есејот треба да содржи и мислење на апликантот/ката за тоа што се дела од омраза и како влијаат на младите во Р. Македонија. Сите документи потоа треба да се достават на е-поштата jasmina.golubovska@mhc.org.mk.

Напорите на двете организации се во насока за младите од Македонија и Франција да добијат повеќе знаење за кривични дела сторени од омраза преку интерактивна програма подготвена специфично за потребите на школата. Идејата е младите преку взаемна соработка и дружење можат да креираат активности преку кои ќе се спротивстават на ваквите појави во општествата.

Повикот може да се преземе и од веб страната на Хелсиншкиот комитет.