Започнува 31. издание на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“

Со претставата „Татко“ на велешкиот театар „Јордан Хаџиконстантинов-Џинот“, а во режија на Ненад Витанов, вечерва ќе се отвори 31. издание на Меѓународниот фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“.

Фестивалот како и досега се одржува во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица, а изведбата на отворањето ќе биде во 20 часот.

Утре на програмата се претставите „За нас почнува живот“ во режија на Дејан Пројковски и „Бог на масакрот“ од тетовскиот театар, во режија на Милош Андоновски.

Во вторник (12 септември) со претставата „Пчелите ќе умрат“ во режија на Драгана Таневска, на Фестивалот ќе се претстави домаќинот, струмичкиот театар НУЦК „Антон Панов“.

Фестивалот ќе трае до 13 септември кога ќе се одигра претставата „Убавицата од малиот град“ на Драмскиот куклен театар од Враца, Бугарија. По претставата ќе следи свеченото доделување на наградите.

Целосната програма погледнете ја во продолжение: