Започна со работа Агенцијата за азил на ЕУ која ќе помогне за побрзо носење на одлуките за азил

Агенцијата за азил на ЕУ (ЕУАА) денеска започна со работа, а треба да помогне одлуките за азил да се носат на побрз и поправеден начин, како и да ги направи стандардите за прием што е можно подеднакви низ Европската Унија, пренесува „Данас“.

Агенцијата која е клучен резултат на Новиот пакт за миграција и азил исто така ќе придонесе за поголема изедначеност во носење одлуки и поголема кохерентност меѓу системите за азил на земјите-членки на ЕУ.

Новата агенција има унапреден мандат во однос на нејзиниот претходник – Европската служба за поддршка на азил (ЕАСО), соопшти Европската комисија.

Врз основа на искуството на ЕАСО, новата агенција има зајакнат мандат да придонесе за поефикасен систем за азил преку поголема оперативна и техничка поддршка на членките, вклучувајќи обука, подготвеност, анализа и размена на информации.

Се наведува дека 500 експерти, вклучително и преведувачи и обучени за прием на азиланти, ќе бидат подготвени за брзо распоредување во тимовите за поддршка на азил на барање на некоја земја-членка на ЕУ.

Новата агенција се додава дека блиско ќе соработува со агенциите на Обединетите нации.