Загревање за „Стрип Трип“ во „Нетавил“

„Подгответе се, стрипофили: ‘Стрип Трип 2025’ се крчка, но најпрво се загреваме“, велат од „Стрип Трип“, кои на 6 мај во „Нетавил“, со почеток од 18 часот, организираат настан за загревање пред единствениот стрип фестивал во Скопје.

„Ќе се запознаете со Симон Калајџиев и Белкис Аксу кои ќе ги претстават своите дела како и инспирациите што стојат зад нив“, соопштуваат од фестивалот.

Како што посочуваат, присутните ќе можат да следат цртачка џем сесија со дел од најактуелните автори во македонскиот стрип.

„Ќе споделиме и дел од содржините што ги подготвуваме за главниот настан на ‘Стрип Трип’ што ќе се одржи од 6 до 8 јуни во Младинскиот Културен Центар во Скопје. Тоа не е сè… очекувајте и низа помали и поголеми изненадувања. Се гледаме наскоро на фантастична дружба!“, стои во соопштението на „Стрип Трип“.