Загадениот воздух убил над 500.000 лица во ЕУ, покажува истражување

Загадениот воздух убил над половина милион лица во ЕУ во 2021 година, покажува нова студија, според која половина од регистрираните смртни случаи би биле избегнати доколку загаденоста би се намалила според медицинските препораки.

Истражувачите од Европската агенција за животна средина поврзале околу 253.000 случаи на рана смртност со концентрациите на ПМ 2.5 честилките кои ги преминуваат границите на загаденост поставени од Светската здравствена организација (СЗО) од 5µg/m3.

Дополнителни 52.000 смртни случаи се должат на прекумерно ниво на азот диоксид, a 22.000 смртни случаи се должат на краткорочните ефекти од прекумерното ниво на озон.

„Наодите на Европската агенција не’ потсетуваат дека аерозагадувањето се’ уште е најголемиот здравствен проблем во ЕУ“, изјавил Вирџинијус Синкевичиус, комесарот за животна средина во ЕУ.

Лекарите велат дека загадувањето на воздухот е еден од најголемите убијци во светот, но бројот на жртви брзо ќе се намали доколку земјите преземат мерки против проблемот.

Помеѓу 2005 и 2021 година, бројот на смртни случаи од PM2,5 во ЕУ се намалил за 41%, а ЕУ цели да достигне 55% до крајот на деценијата.

Истражувањето на Гардијан  покажа дека 98% од луѓето во Европа дишат загаден воздух што ги прекршува упатствата на СЗО.