Заедничка концертна промоција на „Kolt“ и „Cutting Edge“

Рок бендот „Kolt“ од Скопје и освежувањето на македонската алтернативна сцена, Cutting Edge од Тетово најавија заедничка концертна промоција на нивните албуми, која ќе се одржи на 6 ноември (петок) во 21 часот во скопското кафуле „Браво“.

„Kolt“ минатата година влезе во финалето на Лузер фест заедно со уште девет млади бендови. Оттогаш, бендот интензивно работи на создавање рок музика, а како резултат на тоа го објавија нивниот прв албум „Equilibrium“.

Томи Апостолов, гитарист на „Kolt“: Прв пат сум во бенд кој функционира во секој поглед

Од друга страна, Cutting Edge е електронски синт поп/инди рок бенд кој постои од минатата година, а неодамна го објавија и својот прв видео запис.

[Интервју] Cutting Edge: Со иновативност и електронски ефекти држиме чекор со современата музика 

Кolt“ ќе го промовираат својот втор студиски албум „Solipse“, додека „Cutting Edge” ќе го промовираат својот прв албум насловен „Connected“.

Влезот е бесплатен.