Забелешки и коментари за доработка на Националната стратегија за млади (2015-2025)

 Сите коментари, во пишана форма, за финалниот текст на новата Националната Стратегија за млади ќе може да се испраќаат најдоцна до 20 ноември на е-пошта: dejan.dokuzovski@undp.org или info@strategijazamladi.mk.  Ваквата најава доаѓа по дискусијата за нацрт текстот на Стратегијата која се одржа минатата седмица, кога беа дадени повеќе забелешки за финалната верзија на документот.
Од Младинскиот образовен форум тогаш укажаа на бројни пропусти во документот поставен на официјалниот веб сајт меѓу кои и недостиг од индикатори, буџетски средства  како и соодветен мониторинг и план за евалуација на стратегијата и следење на нејзиното имплементирање.
Креирањето на новата Национална стратегија за млади (2016-2025)  започна во април годинава, и треба да ги опфати сите области за млади кои во наредниот период ќе и бидат во фокус на земјата за подобрување на моменталната состојба. Процесот го водеше Агенцијата за млади и спорт, со поддршка од Програмата за развој на Обединети нации.

Финалниот текст на стратегијата може да се преземе на овој ЛИНК.