Министерството за образование и наука потсетува дека утре започнуваат уписите во средните училишта во учебната 2025-2026 година. Пријавувањето е електронски и се спроведува преку порталот e-uslugi.mon.gov.mk, каде учениците се најавуваат со сопствените кориснички сметки на schools.mk.
Првото пријавување трае од 14 до 17 јуни, а второто е на 30 јуни. Конечните ранг листи по двете пријавувања, училиштата ќе ги објават на 2 јули. Како и во изминатите учебни години, учениците ќе треба да достават хартиени документи до училиштата, а се прават напори од следната година процесот целосно да се дигитализира.
Конкурсот со слободни места е објавени овде.
Освен што учениците ќе треба да аплицираат електронски, ќе треба и да ги достават документите во училиштата на 18 јуни, во периодот од 8 до 19 часот, како и на 19 јуни во периодот од 8 до 17 часот.
Конечната ранг-листа со резултатите од запишувањето и слободните места, секое училиште ја објавува на 20 јуни 2025 година, најдоцна до 12 часот, на јавно место во училиштето и/или на училишната интернет страница.
Ако во некое училиште има пријавено поголем број ученици со одличен успех, а нема доволно слободни места за дас бидст примени сите, ќе се организира квалификациско тестирање на 23 јуни. Конечните ранг листи со резултатите ќе се објават истиот ден, на јавно место во училиштето и/или на училишната интернет страница.