„YÖU“ и „Беседа“ на 6 октомври ќе свират во „Везилка“

„Metal Discharge Crew“ и „Ponder“ на 6 октомври (петок) од 21 часот во „Везилка“ во Битола ги најавуваат настапите на бендовите „YÖU“ и „Беседа“.

Инспирирани од скопското сивило и поведени од принципот „Направи Сам“ во октомври 2015-та оформен е бендот „YÖU“. Влијанијата на вашингтонскata D.C. hard core / punk сцена и фанцускиот емо бран од двеилјадитите е она што го дефинира нивниот стил.

„Нивната музика е претпознатлива по гласните тапани позади кои стои единствената дама во бендот -Тејка Васиљевиќ, како и емотивните scream и рапави вокали на Марко Крстевски кој е и гитарист во бендот. Бојан Станиќ е нашиот битолски претставник во бендот на гитара, а на бас е Ерик Омерагиќ кој свири и во бендот Палиндром. Личните борби и искуства се главните мотиви кои можат да се забележат на нивниот деби албум од 2017-та – We Sing the Blues. Од тогаш до сега имаат направено неколку балкански и европски турнеи и спремаат втор албум кој е при крај“, стои во најавата на организаторот.

За „Беседа“ велат дека се шаманите од северот од Куманово, кои полека ја спремаат материјата и после настапите летово, овој бенд со вонземски карактер повторно доаѓаат на битолско тло да ги испразнат своите емоции.

„Спој на southern / stoner / desert doom елементи, зачинети со прогресивни бранови кои ја освојуваат македонската сцена. Спремете се за фузија на современ и моќен звук заедно со YÖU“ во ‘Везилка’, соопштуваат организаторите.

Карти во претпродажба во „Везилка“ и „Pub Bourbon Street“ по 200 денари, на врата 250 денари.