„When The Sun Hits“ – настан во „Ла Кања“ посветен на Тамара Тодоровска

Во Старата скопска чаршија во „Ла Кања“ на 23 декември од 21 часот се организира настан посветен на Тамара Тодоровска.

„Ќе ги пуштаме нејзините најомилени песни од ‘APTBS’, ‘The Verve’, ‘The Gits’, до ‘Slowdive’ и други“, соопштуваат организаторите „Млади за Скопје“, кои и претходно правеа вакви музички настани за Тодоровска, истовремено со цел да се подигне и свеста за безбедноста во сообраќајот.

Тамара Тодороска го изгуби животот во сообраќајна несреќа во 2017 година.

„Пешачкиот премин е за слободно минување, а не за смрт“, се вели во најавата за настанот.