„WEvolve vol.2“ – втора работилница за ментално здравје за матуранти

На онлајн платформата Зум утре (петок, 9 април) од 18 часот ќе се одржи „WEvolve vol.2“, втората од четирите работилници за ментално здравје во време на пандемија со четири различни таргет групи.

„На оваа работилница се дискутира за унапредување на менталното здравје, како да го зачуваме истото и свесноста за менталното здравје на овогодинешните матуранти“, стои во повикот.

Целта на проектот е да едуцира млади како да го заштитат менталното здравје за време на пандемијата.

„Ги покануваме да се пријават за учество во оваа работилница сите матуранти на територијата на Македонија“, се вели во повикот.

На работилницата се најавени Трине Висма, психолог од Mla Viimsi Lasteaiad од Естононија и Иван Алинчанец, студент по психологија во Универзитетот Американ колеџ – Скопје.

Повикот е отворен ТУКА. Доколку заинтересираните имаат некои прашања или коментари, може да пишат на anastasiaboskoska@gmail.com.

Оваа активност е дел од “WEvolve” спроведувана од Linking, Engagement, Advocacy, Development – LEAD стипендистката Анастасиа Бошкоска, финансиски поддржана од Проектот на УСАИД за граѓанско учество.