Постои име за „мех“ чувството кое го чувствуваш: Се вика сакалма

Запоставеното средно дете на менталното здравје може да ја отапи вашата мотивација и фокус. Токму тоа е доминантната емоција за 2021 година.

Адам Грант

Најпрво, не ги распознавав симптомите кои сите ги имавме. Пријателите спомнуваа дека тешко се концентрираат. Колегите велеа дека и покрај тоа што вакцините се гледаат на крајот на тунелот, не се посебно возбудени за 2021 година. Еден член од моето семејство многу често остануваше буден за го гледа филмот „Национално богатство“, иако го гледал претходно и скоро го знае напамет. А јас, наместо да станувам во шест часот наутро, останував во креветот до седум часот и играв игра на мобилен.

Чувството не би го опишал како истрошеност – имавме енергија. Не беше депресија – не се чувствувавме безнадежно. Едноставно, се чувствувавме без елан и без цел. Испадна токму тоа чувство си има и име – сакалма.

Сакалма (languishing) е чувство на стагнација и празнина. Изгледа како само да се лизгаме низ деновите, како да го набљудуваме животот низ замаглено стакло. Ова истовремено, е доминантната емоција за 2021 година.

Додека научниците и докторите се обидуваат да ги третираат и излекуваат симптомите од долгото боледување од КОВИД-19, многу лица емотивно се борат со долгорочноста на пандемијата. Сакалмата не удри неподготвени, додека полека избледуваа првичните чувства на страв и жал од минатата година.

Во раните, непредвидливи денови од пандемијата, најверојатно кај многумина се вклучил системот за детекција на закани, наречен амигдала, кој силно предупредувал на реакцијата „бегство или борба“. Додека изучувавме дека маските може да ни помогнат да се заштитиме, а дека чистењето на продуктите – не, најверојатно луѓето развиле рутини кои го олекнале чувството на страв. Но, пандемијата се одолговлекува и акутната состојба на мачнина отстапи место на хронична состојба на сакалма.

Во психологијата, размислуваме за менталното здравје на спектар – од депресија до комплетно цутење. Цутењето е врвот на човечката добросостојба. Тогаш имаме силно чувство за бивање, генијалност и сме им од  помош на останатите. Депресијата е надолнината на лошата состојба: се чувствуваме исцедени, заменливи и безвредни.

Сакалмата е запоставеното средно дете на менталното здравје. Тоа е бездната помеѓу депресијата и цутењето – недостатокот на добросостојба. Доколку немате симптоми на ментално заболување, пак не сте совршениот пример за добро ментално здравје. Вие не функционирате во полн капацитет. Сакалмата ја отапува вашата мотивација, ја испрекинува вашата способност за фокусирање и тродупло ги зголемува шансите дека ќе намалите со работните задачи. Се чини дека ова чувство е почесто од депресијата, а истовремено, претставува поголем ризик за ментално заболување.

Терминот „сакалма“ (languishing) бил создаден од социологот Кори Кис, кој бил вчудоневиден од бројката на луѓе кои не биле депресивни, но од друга страна не им било баш до цутење.

Неговото истражување сугерира дека луѓето кои најверојатно ќе се борат со депресија и состојби поврзани со анксиозност не се оние кои денес би биле дијагностицирани со нив. Тоа ќе бидат луѓето кои моментално имаат сакалма. Според доказите од здравствените работници за време на пандемијата во Италија, се покажува дека оние кои се бореле со сакалмата имаат тродупло повеќе шанси да бидат дијагностицирани со пост-трауматски стрес.

Дел од опасноста при сакалма, е тоа што нема да забележите отапеност на задоволствата или намаленост на импулсот за завршување на обврските. Не можеме да забележиме кога полека се повлекуваме во осаменоста – стануваме незаинтересирани за незаинтересираноста. Не можеме да забележиме кога страдаме, не бараме помош, дури ни самите не си помагаме.

Иако, можеби вие конкретно не се борите со сакалмата, најверојатно познавате многу лица кои се борат. А само преку разбирање на чувството, може да им помогнете.

Име за она што го чувствувате

Според психолозите, една од најдобрите стратегии за менаџирање со емоциите е да им се даде име. Минатата пролет, за време на акутната мачнина, најсподелуваната објава во историјата на „Харвард бизнис прегледот“, била статија која ја опишувала нашата колективна неудобност како „жал“. Заедно со загубата на најблиските, ние жалевме и по загубата на она што го сметавме за нормално. Иако претходно не сме се соочиле со пандемија, повеќето од нас се соочиле со загуба. Токму таа, ни помогна да ги кристализираме лекциите од нашата заедничка отпорност и ни помогна да се здобиеме со самодоверба за да се справиме со сегашните пречки.

Сè уште треба да изучуваме што е причината за сакалмата и како да се излечи, но првиот чекор е да му дадеме име на чувството. Тоа може да ни помогне да ја освежиме перцепцијата, да ја расчисти маглината на нашите искуства. Истовремено, така можеме да се потсетиме дека не сме сами – сакалмата е честа и раширена состојба.

Името може да ни даде и конечно прифатлив одговор на прашањето „Како си?“.

Наместо да кажуваме „супер“ или „добро“, замислете да одговаравме со „искрено, сакалмастично“. Одговорот би внел свежина во отровната позитивност и „американскиот“ притисок да се биде добро нонстоп.

Ако го додадеме зборот „сакалма“ во лексиконот, ќе започнеме да го забележуваме насекаде околу нас. Се појавува кога ќе се почувствувате извисено поради откажаната прошетка. Може да се слушне во детските гласови кога ги прашувате како си поминале на онлајн часовите. Чувството е присутно секогаш кога карактерите од анимираната серија „Симпсонс“ велат „мех“.

Минатото лето, новинарката Дафне К. Ли на „Твитер“ објавила за кинеска изрека која генерално се преведува како „одмазничка прокрастинација пред спиење“. Таа го опишала концептот како – намерно останување будни во текот на ноќта за да ја надокнадиме слободата која сме ја пропуштиле во текот на денот. Оттаму, започнав да се запрашувам дали ваквото однесување е мерка против губењето на контролата, или акт на тивка бунтовност против сакалмата. Тоа е потрага по среќа во блуткав ден, задржување на врските во осамена недела, барање на значење во време на пандемија.

Противотров за сакалма

Но што да направиме против сакалмата? Постои концепт наречен „флоу“ кој може да биде лекот за ова чувство. Флоуто е онаа неостварлива состојба на апсорбирање која се случува при значаен предизвик или краткорочна врска, каде се топи перцепцијата за време, место и себе. За време на раните денови на пандемијата, најдобриот показател за благосостојба не беше оптимизмот или вниманието – тоа беше флоу-то, или состојбата на луѓето кои потонаа во своите проекти за да ја избегнат сакалмата и ја одржат својата предпандемична среќа.

Флоуто кај мене се случува кога ја играм играта на мобилен. Истото се случува кога непрекинато гледам „Нетфликс“ – таа активност ме пренесува во приказната и јас се чувствувам поврзано со ликовите и сум загрижен за нив.

Додека бараме нови предизвици, искуствата полни со уживање и значајна работа се можни противотрови против сакалмата. Но, тешко е да се најде флоу кога не можеме да се фокусираме. Ова е предпандемичен проблем, луѓето и тогаш го проверуваа мејлот 74 пати во текот на денот и скокаа од задача на задача на секои 10 минути. Во минатата година, многу од нас се соочија со пречките кои ги правеа децата околу нас, колегите ширум светот и шефовите за време на работното време. Мех.

Вниманието поделено на фрагменти е непријател на продуктивноста и успехот. Во група од 100 лица, само двајца или тројца воопшто ќе можат да возат и за запомнат информации истовремено, без малку да потфрлат и на двете задачи. Компјутерите можеби се создадени за паралелно процесирање, но луѓето се подобри при процесирање во серии.

Дадете си непрекинато време за себеси

Тоа значи дека мора да се постават граници. Пред многу години, софтверска компанија во Индија тестираше едноставна мерка – да се работи без ненадејни попречувања во вторник, четврток и петок до пладне. Кога инженерите ја воведоа оваа мерка и ги поставија границите, 47 отсто од нив имале надпросечна продуктивност. Но кога компанијата ја вовела тишината како официјално правило, дури 65 отсто од вработените покажале надпросечна продуктивност. Ваквиот раст на продуктивноста не е само за пофалба  рамките на работната позиција – сите знаеме дека најважниот фактор за дневна среќа и мотивација е чувството на прогрес.

Не верувам дека постои некоја посебна магија во тивки претпладниња секој вторник, четврток и петок. Лекцијата од оваа едноставна идеја е да го третираме неиспрекинатото време како што чуварот го чува богатството. Таквите периоди ги прочистуваат константните пречки и ни даваат слобода да се фокусираме. Можеме да пронајдеме утеха во искуствата кои ни го бараат нашето целосно внимание.

Фокусирајте се на помали остварувања

Пандемијата е голема загуба. За да се избегне , треба да започнеме со мали победи, како мал триумф во друштвена игра. Еден од најдиректните патишта до флоу е мал предизвик што ќе си го поставиме на себеси – предизвик кој ќе ги растегне нашите вештини и ќе го надгради нашето познавање. Ова значи дека треба да се издвои време од денот на предизвик кој ни значи лично – ситен проект, значајна цел, значаен разговор. Понекогаш, тоа е мал чекор напред кон ре-откривањето на енергијата и ентузијазмот кои ни недостасуваат последниве месеци.

Сакалмата не е само во нашите глави – тоа е и во нашите случајности. Не може да се излекува болна култура со сопствени фластери. Ние сѐ уште живееме во свет кој ги нормализира предизвиците кај физичкото здравје, но ги стигматизира менталното здравје и добросостојбата. „Не сум во депресија“ не значи дека ти не се бориш. „Не сум истрошен/а“ не значи дека бликаш од енергија. Само преку препознавање дека сите се сакалмосани, можеме да започнеме да му даваме глас на тивкиот очај и да го осветлиме патот надвор од бездната.

Автор на текстот е Адам Грант, психолог во „Вортон“, автор е на книгата „Размисли повторно: Moќта на знаењето дека не знаеш“, како и водител на ТЕД подкастот „Ворклајф“.

Извор: New York Times