Второ злато за пливачот Мицковски, бронза за македонските кошаркари на Специјалната олимпијада во Абу Даби

„Денот завршува со уште едно злато за пливачот Марио Мицковски на 25 метри грбно и неговиот тренер Горан Андоновски“, соопштија вечерва од Специјалната олимпијада на Македонија за новиот успех на Летните олиписки игри на Специјалната олимпијада Абу Даби 2019.

Ова е второ злато за младиот Мицковски. Првото го освои во дисциплината пливање 50 метри во слободен стил.

Успех денеска постигна и кошаркарскиот тим кој освои бронза по мечот со Буркина Фасо и резултат 18:24.

Летните олимписки игри на Специјалната олимпијада се одржуваат од 14 до 21 март во Абу Даби, а нашите спортистите се натпреваруваат во три дисциплини, пливање на 50 и 100 метри и штафета, атлетика и јунифајд кошарка и ревијално танцување.

Овие игри се најголемиот спортски настан со хуманитарен карактер на планетата. Учествуваат над 7000 атлети од 190 земји од светот кои ќе се натпреваруваат во 24 спортови.