Второ онлајн издание на „YOUTHpreneur Talks“

Младинскиот совет при Американската амбасада го организира вториот разговор во серијата на разговори за млади претприемачи.

Со „YOUTHpreneur Talks“, целта е да се да се стави фокус кон млади и успешни претприемачи и бизнисмен(к)и кои ќе ги мотивираат младите луѓе да започнат свој бизнис или стартап.

На второто издание на разговорите ќе гостуваат Никола Велковски од ко-основач на „Howitzer“, Александра Коложег Гиевска, ко-основачка на „Motion Ltd“ и Андреј Мајнов, основач на „AMZ Operations“.

Второто издание на „YOUTHpreneur Talks“ ќе се одржи онлајн, преку платформата „Зум“, на 22 февруари, вторник, со почеток во 18 часот.

Публиката ќе има можност да ги слушне приказните и искуствата на претприемач(к)ите и да ги праша прашања од областа на бизнисот и (социјалното) претприемништво.

За повеќе детали околу „Зум“ средбата посетете го настанот на Фејсбук.