„Вообразен болен“ – најнова претстава на Театар Куманово

Во „Театар Куманово“, поставена е претставата „Вообразен болен“, според текст на Жан Батист Молиер, а во режија на Драгана Гунин.

Претставата ќе се одигра на 12 и 13 март, со почеток во 18 часот.  Улогите во претставата ги толкуваат актерите Мирослав Петковиќ, Александра Михајловска, Владанка Димковска, Марко Трајковиќ, Нина Максимова, Давид Илиќ, Жарко Јовановиќ и Ангела Стојановска.

Заинтересираните ќе може да ги подигнат своите билети од билетарата на театарот која работи во две смени и тоа од 10 до 14 часот и од 17 до 20 часот.

Од театарот велат дека претставата е организирана според сите здравствени протоколи, а публиката е со намален број и на растојание, со задолжително носење на заштитни маски.