Во Скопје личните карти ќе се издаваат во полициските станици според местото на живеење

Од понеделник започнува нов процес за издавање на лични карти во просториите на месно надлежните полициски станици според местото на живеење на граѓаните наведено во личната карта, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи (МВР).

Како што велат тие, секој граѓанин, ќе може да пристапи во било кој период од денот, секој ден од неделата, со цел да си ја подигне готовата лична карта.

Новиот начин на издавање лични карти, доаѓа откако МВР заклучило дека доставата на лични карти на домашна адреса била нецелосна, несеопфатна и недоволно ефикасна, а истовремено, како што додадоа, го нема посакуваниот ефект кај граѓаните и полицајците кои биле задолжени за достава.

Таквиот начин на доставување лични карти започна кон крајот на јануари.

МВР започна со достава на готови лични карти и дозволи на домашна адреса во Скопје