Во Кавадарци отворена изложба на дела од ликовни уметници од Турција

Изложбата насловена ,„Уметноста  – мост на поврзување на народи“, на дела од педесетина ликовни уметници од Турција, синоќа беше отворена во галеријата на Домот на културата ,,Иван Мазов – Климе”  во Кавадарци. 

– Слободата при изразувањето е чин на независен процес и го потенцира индивидуалниот став во поимувањето на творечката активност, рече директорката на културниот дом, Јулијана Туриманџова. 

Ликовниот уметник Владимир Темков изрази задоволство од настанот и појасни дека станува збор за ликовни уметници, водечки во турската ликовна уметност.

Задоволство од соработката изразија и ликовните уметници од Турција, кои, како што рекоа, покрај дружењето со своите колеги, ќе се запознаат и со македонските убавини.