Денеска се отвора изложбата „Млади ликовни уметници од Кавадарци и нивни гости“

Во Музеј-Галерија Кавадарци денеска (петок, 8 октомври) од 18:30 часот ќе биде отворена 12-та изложба „Млади ликовни уметници од Кавадарци и нивни гости“.

Од „Јадро“ објаснуваат дека се работи за традиционална годишна изложба која првпат се случи во 2009 година. Акцентот и главниот принцип на изложбата е слободното творечко изразување, без ограничувања и без хиерархии. На изложбата досега имаат учествувано повеќе од 70 локални и регионални визуелни уметници.

Оваа година учествуваат:

Гоце Илиевски, Владимир Илиевски, Лина Дамјан, Доротеј Нешовски, Дора Пејич – Бах, Ања Илиева, Ненад Тонкин, Стефанија Милевска, Никола Иваноски, Ристо Јосифовски – Ромбо, Томи Соколов, Илија Дојков, Соња Ставрова, Сашко Илов, Игор Јосифов, Петар Петков, Трајче Јованов, Ивана Спироска, Дарко Алексовски, Симона Манчева , Цветанка Темкова Илова.

Дел од гостите на изложбата се и средношколците Тодорка Пејовска, Ненад Стојанов, Михаела Стојанова и Миа Кабранова од ДСУЛУД „Лазар Личеноски“ кои се поранешни ученици на Ристо Јосифовски-Ромбо.

„Ве молиме почитувајте ги мерките за заштита од ширење на вирусот предложени од Владата“, велат од „Јадро“.

Овој настан се рализира како дел од проектот „Модели на јавно-цивилни партнерства: нов бран на културни политики и практики за ко-управување со заедничките добра“ финансиран од Министерството за култура на Република Северна Македонија.