Нови правила за транспарентност за моделите на вештачка интелигенција (ВИ) за општа намена како ChatGPT и Gemini стапија на сила денес низ цела Европска Унија, како дел од значајното законодавство за ВИ донесено минатата година, пренесува Н1.
Според новите правила, програмерите мора да откријат како функционираат нивните модели и кои податоци се користени за нивна обука.
За особено напредните модели, кои се сметаат за потенцијални ризици за јавноста, мора да се документираат и безбедносните мерки.
Вештачката интелигенција за општа намена се однесува на системи што можат да се користат за широк спектар на цели, како што се генерирање текст, анализа на јазик или пишување код.
Законот делумно е наменет за подобра заштита на авторските права.
Програмерите сега мора да ги пријават изворите на нивните податоци за обука и дали користеле автоматско собирање податоци од веб-страници, како и да ги наведат чекорите преземени за заштита на интелектуалната сопственост.