Во „Епицентар“ вечер прва едиција на иницијативата „Rave4Charity“

Иницијативата „Rave4Charity“ денеска, 9 април, во „Епицентар“ ја претставува своја прва едиција.

„Иницијативата се залага за промовирање на електронската музика од хуманитарен карактер, па така дел од собраните средства од продажба на билетите, ќе се искористат за плаќање на итни сметки од платформата на Ways2Help“, велат организаторите.

Како што велат од таму, музичката програма е интересна комбинација од колективите OVC @moraitov и Mousai @dirtblck како и @egorius.brzrkr.

Настанот почнува од 00:30 часот. Цена на влезница е 250 денари.