Во Белград вандализирана скулптурата во чест на Мерлинка, првата југословенска транс личност

„Белград прајд“ на нивната Инстаграм страница објавија дека е вандализирана скулптурата посветена на првата јавна транс-личност во Југославија Вјеран Миладиновиќ – Мерлинка.

„Неколку луѓе ни го привлекоа вниманието дека денеска беше вандализиран споменикот посветен на Вјеран Миладиновиќ – Мерлинка“, напишаа од „Белград прајд“.

Скулптурата беше поставена во Белград пред неколку дена по повод дваесет години од убиството на Мерлинка.

Мерлинка е родена во Загреб во 1958, живеела во Белград, а била позната на јавноста како писателка и актерка. Пред десет години, на годишнината од нејзиното убиство, во центарот на Белград беше поставена и плоча во нејзина чест, насловена „ул. Мерлинка“.

Во Белград поставена скулптура во чест на Мерлинка, првата југословенска транс-личност