Владо Камбовски веќе не е ректор на ФОН

Aкадемик Владо Камбовски веќе не е  ректор на приватниот универзитет ФОН. Тој за Плусинфо ја потврдил информацијата со кус коментар “ Не, јас повеќе не сум таму“.

Академик Владо Камбовски е новиот ректор на ФОН

Извори за Либертас тврдат дека ректорот дигнал раце од универзитетот, соочен со незадоволството од колегите на кои од јануари годинава не им се исплатени платите. 

Според овие извори, ректорот се уверил дека ветувањата на директорот Сефер Цаноски дека ќе најде пари однадвор за да опстане ФОН се нереални и си заминал. Последно било ветувањето дека има заинтересирани од Саудиска Арабија кои ќе донеле пари, но и тоа се изјаловило. Камбовски беше поставен на функцијата ректор на ФОН пред нецела година.

Од друга страна, како реакција на вчерашната изјава на професорот Здравко Савески дека му бил даден отказ од ФОН оти бил организатор на штрајк, директорот Цаноски тврди дека средства се најдени и дека професорите ќе ги добиеле платите кои, како што вели, “малку“ им доцнеле и дека тој не потпишал никаков отказ за професорот Савески.