Академик Владо Камбовски е нов ректор на ФОН

Академик Владо Камбовски е новиот ректор на универзитетот ФОН, по одлуката која денеска ја донесе Сенатот на универзитетот. Досегашниот ректор, професорот Александар Николовски, ќе биде директор на докторските студии на ФОН.

Академик Владо Камбовски е новиот ректор на ФОН

Сенатот реши професорот Симе Арсеновски да биде проректор на универзитетот, Катерина Апостолска нов декан на Факултетот за дизајн и мултимедија и Зоран Гацовски за нов декан на Факултетот за информатика.

Кадровските промени на универзитетот се извршени согласно петгодишната стратегија на ФОН за приближување кон Лисабонската агенда и стратегијата за регионален развој, соопшти универзитетот.

Владо Камбовски е експерт по кривично право, долгогодишен професор на Правниот факултет на УКИМ и поранешен министер за правда во Владата на Република Македонија. Тој во моментов ја извршува и функцијата претседател на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), чијшто член е од 2006.