Владата дозволи од 1 јули да се организираат свадби во затворен простор до максимум 250 гости

Владата денеска донесе одлука од 1 јули да се дозволи организирање свадби и во затворени простории со максимум 250 лица, но не повеќе од 40% од капацитетот на просторот, објави министерот за економија Крешник Бектеши на неговата Фејсбук страница.

Инаку, на предлог на Комисијата за заразни болести од 1 јуни е дозволено организирање на свадби, прослави, веселби на отворен простор, односно летни тераси до максимум 100 лица, но не повеќе од 50% од капацитетот на просторот и до максимум шест лица на маса, со обезбедување на препорачаната дистанца меѓу луѓето.