Тестирај се дали си инфициран од медиумска неписменост

Веб-страницата „Стоп Дезинформации“ објави тест за проверка на „инфицираноста од медиумска неписменост“. Станува збор за квиз од вести објавени во домашните информативни портали за пандемијата во земјава.

„Во случај на масовни зарази, болести, природни непогоди и кризни ситуации, има наплив од разли информации, шпекулации, дезинформации кои многу лесно можат да ги доведат граѓаните во заблуда или во паника и страв. Затоа е многу важно да умееме да правиме „медиумска хигиена“ и да се информираме од релевантни извори“, порачуваат креаторите на тестот.

Тој вклучува и ресурси, совети и блогови за мудро консумирање на вести во време на пандемијата од вирусот Ковид 19.

„Кликни на линкот и дознај дали умееш да препознаеш информација на која може да ѝ се верува и зошто, дали е скриена реклама или пак е коментар, односно став на новинарот“, стои во објавата.

Тестот може да се најде на следниот ЛИНК.

* Оваа содржина е изработена со помош на Европската Унија во рамките на Проектот за младинско изразување. За објавените содржини е одговорен Младински образовен форум и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.