Видеоповици и социјални мрежи – За што најмногу македонските граѓани го користат интернетот?

Телефонирање и видеоповици, социјални мрежи и инстант пораки – за ова македонските граѓани најмногу го користеле интернетот во 2021 година според резултатите од годишната анкета за употребата на информатичко-комуникациските технологии во домаќинствата и кај поединците кои ги објави Државниот завод за статистика.

Според податоците, во споредба со минатата година, бројот на домаќинства кои имаат пристап до интернет е зголемен за скоро 4%.

Годишната анкета која ја спроведуваат статистичарите дава увид и во тоа што купуваат онлајн граѓаните на Северна Македонија.

Повеќе детали погледнете на инфографикот во продолжение.

Даниел Евросимоски