„Соништа“ е темата на новото издание на „Статуафест“ – настанот со живи статуи каде улицата го покажува своето друго лице, полно со тишина што зборува, движење што мирува, и уметност што сонува со отворени очи.
„Оваа година, тематски нурнуваме во светот на соништата – оние скриени визии што нè водат, ни шепкаат инспирација, ни даваат боја на секојдневието. Нашите живи статуи ќе ги разбудат вашите чувства, ќе ви понудат мигови на замисленост, и ќе ви покажат дека сонот и јавето се поблиску отколку што мислиме“, соопштија организаторите од „Театроск“.
Од таму посочуваат дека „Статуафест“ не е само фестивал – тоа е повик за стоп, за восхит и за соништа што оживуваат среде градскиот ритам.
„Придружете ни се и дозволете уметноста да ве однесе таму каде што зборовите замолкнуваат, а соништата почнуваат да зборуваат“, посочија од „Театроск“.
View this post on Instagram
Видео: Бојан Шашевски